ВИДЕО: Силен ветер сруши хеликоптер

Големиот број туристи што во средата уживаа во одморалиштето „Treasure Island“ на Фиџи беа сведоци на страшната глетка, кога пред нив падна хеликоптер во кој имало седум лица, меѓу кои и две девојчиња.

Силниот ветер за време на слетувањето го отфрлил хеликоптерот, а целата сцена со мобиолен телефон била забележана од туристка од Кина.

За среќа и покрај тоа што хеликоптерот е во целост уништен, нема настрадани. Погледнете го видеото.