Силен ветер во Франција однесе две жртви

Две жртви однесе силниот ветер кој деновиве беснее низ Франција. Во триесет француски департмани денеска е прогласена зголемена опесаност, бидејќи се очекува ветрот да се движи со брзина од 100 километри на час.

Властите во Париз, донесоа превентивна мерка, со која се затвораат парковите и гробиштата.

Министерството за внатрешни работи на Франција, информира дека досега поради лошото време евидентирани се два смртни случаи во југозападниот дел на Франција.