Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала го потресе синоќа Чиле, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Првично беше соопштено дека потресот бил со интензитет од 6,6 степени.

Според податоците на американскиот геофизички институт, епицентарот бил на длабочина од 10 км, на 93 км северозападно од Кокимбо, пристанишен град на 400 км северно од Сантјаго.

Центарот за предупредување од цунами во Тихиот Океан соопшти дека потресот не предизвикал опасност од бранови цунами.