Балкан

Силен земјотрес го погоди островот Карпатос

Силен земјотрес го погоди островот Карпатос

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер бил регистриран во близина на егејскиот остров Карпатос. За среќа жртви и повредени нема, а нема ниту информации за причинета материјална штета.

Земјотресите се честа појава во Грција. Во јануари илјадници луѓе останаа без дом по земјотресот на јонскиот остров Кефалонија во западниот дел на земјата.