Свет

Силен земјотрес го погоди островот Вануату

Силен земјотрес го погоди островот Вануату

Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска пацифичкиот остров Вануату, соопшти американскиот геофизички институт.

Епицентарот на потресот бил на 60 километри североисточно од главниот град Порт Вила, а центарот на длабочина од 33 километри.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами објави дека нема опасност потресот да предизвика формирање цунами бранови.