Силен земјотрес го погоди Перу

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска северниот дел на Перу, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Епицентарот на земјотресот бил 54 километри североисточно од градот Мојобамба, на длабочина од 114 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.