Силен земјотрес го погоди Перу

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го погоди северозападното подрачје на Перу, соопшти американскиот геофизички институт.

Епицентарот бил 42 километри во правец на југозападниот дел од местот Пиура, на длабочина од 12 километри.

Засега нема информации за повредени и жртви, или евентуална предизвикана материјална штета.