Силен земјотрес го потресе Скопје

Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар првично објави дека земјотресот е со јачина од 3,9 по Рихтер, за веднаш потоа да ревидира на 4 степени, а според последните податоци истиот бил со јачина од 4,2 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.