Силен земјотрес го стресе грчкиот остров Закинтос

Земјотрес со јачин од 4,7 степени според Рихтер е регистриран во Јонското море, во близина на грчкиот остров Закинтос, јавува АФП.

Засега нема податоци за жртви или предизвикана материјална штета. Епицентарот на земјотресот се наоѓа меѓу островот Закинтос и пристаништето на Клини, на длабочина од пет километри.