Силен земјотрес го стресе Скопје

Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени го стресе Скопје пред околу десетина минути.

Според информациите на порталот globalincident.map земјотресот бил на длабочина од `10 километри. Според податоците на Европско медитаранскиот сеизмолошки центар епицентарот на потресот е на 18 километри северозападно од Скопје. Повеќе информации за земјотресот се очекуваат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

zemjotres

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.