Силен земјотрес ја погоди Алјаска

Земјотрес со интезитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистиран денеска во југоисточниот крајбрежен дел на американската сојузна држава Алјаса, соопшти Американскиот геолошки институт.

Силниот земјотрес се случил на длабочина од околу 16 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на 93 километри од брегот на Алјаска, во близина на островот Атка, пренесува МИА.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинети материјални штети, а не е прогласена ниту опаснсот од можна појава на цунами.

Институтот во своетот соопштение наведува дека не се очекуваат големи штети од земјотресот, бидејќи реонот на неговиот епицентар е слабо населен.