Силен земјотрес ја погоди Алјаска

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска крај бреговите на Аљаска.

Жариштето на силниот земјотрес било на 35,4 километри под морското дно, со епицентар на 55 километри во правец запад- северозападно од местото Елфин Коув.

Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикана материјална штета.