Силен земјотрес ја погоди Калифорнија

Силен земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала ја погоди Калифорнија рано изутринава.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

Земјотресот се случил изутрината во 3:20 по локално време, северозападно од американскиот Кањон во Калифорнија, на длабочина од 10,8 километри од површината на земјата.

Жителите на Сан Франциско, оддалечен околу 60 километри од Кањонот и на Дејвис, оддалечен околу сто километри за земјотресот веднаш ја информираа јавноста преку Твитер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.