Силен земјотрес ја погоди Панама

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди рано утрово брегот на Панама, објави американскиот Геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил во морето, на 132 километри јужно од градот Давидо, на длабочина од десет километри, додаде Институтот.