Силен земјотрес ја поресе кинеската провинција Сечуан

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападната провинција Сечуан, соопшти американскиот Геофизички институт, објави МИА.

Земјотресот бил на 103 километри западно од градот Лашан, а епицентарот бил на длабочина од десет километри.

Се уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Во мај 2008 година силен земјотрес ја погоди кинеската провинција Сечуан при што загинаа десетици илјади луѓе.