Силен земјотрес ја стресе Албанија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер околу 18 часот денеска беше регистриран во Албанија.

Според европските сеизмолошки опсерватории, епицентарот се наоѓал на 60-ттина километри јужно од Тирана и на длабочина од само два километра.

Еден час пред овој земјотрес имало послаб потрес од 2,9 степени.

Околу 19 часот земјотрес со интензитет од 2,2 степени е регистриран и во Црна Гора, а во текот на денот во повеќе наврати се тресеше и соседна Грција.

Во текот на вчерашниот ден два послаби потреси беа регистрирани и во Македонија.