Свет

Силен земјотрес крај брегот на Камчатка

Силен земјотрес крај брегот на Камчатка

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала е регистриран денеска во близина на брегот на рускиот полуостров Камчатка, соопшти американскиот Геофизички институт.

Според Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, засега нема опасност од појава на големи бранови.

Потресот се случил на длабочина од 30 километри под површината на земјата, со епицентар на 225 километри западно од Командорските Острови, .

Засега нема информација за евентуални жртви и причинета материјална штета.