Македонија

Силен земјотрес почувствуван во Богданци, Валандово и Струмица

Силен земјотрес почувствуван во Богданци, Валандово и Струмица

Во 18 часот и 29 минути, регистриран е земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 120 км југоисточно од Скопје и потекнува од валандовското епицентрално подрачје.

Земјотресот беше со јачина од 3.4 степени според Рихтеровата скала, соопштуваат од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во Богданци со интензитет од 5 степени а во Валандово и Струмица со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.