Силен земјотрес регистриран во близина на Грција

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала е регистриран денеска во Средоземно Море, во близина на Грција.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, пренесува МИА.

Според сеизмолошкиот центар, епицентарот на потресот бил на 161 километар источно од градот Ираклон, на грчкиот остров Крит, на длабочина од два километра под површината на земјата.