Силен земјотрес регистриран во Кина

Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Ксинџијанг-ујгурски, автономен регион во Кина, објави Американскиот геофизички институт.

Според кинеските власти потресот е со јачина од седум степени според Рихтеровата скала, а Европскиот сеизмолошки центар вели дека неговата магнитуда изнесувала 6,9 степени по Рихтер.

Потресот е со длабочина 12,5 километри, а епицентарот се наоѓа во изолиран регион, на 270 километри југоисточно од градот Хотан.