Свет

Силен земјотрес регистриран во Непал

Силен земјотрес регистриран во Непал

Силен земјотрес утрово го погоди Непал.

Потресот бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

– Епицентарот на земјотресот беше на 80 километри источно од градот Покхаре во централниот дел на земјата, на половина пат до главниот град Катманду, соопшти американскиот Геолошки институт (УСГС).

Се уште нема официјални информации за евентуални човечки жртви, но очевидци тврдат дека во Катманду се урнале неколку згради.

Земјотресот бил почувствувам и во Њу Делхи и други градови во северниот дел на Индија, како и во пакистанскиот град Лахоре.