Силен земјотрес во Албанија, почувствуван и во Охрид

Силен земјотрес во 12,30 часот во средата ја погоди Албанија, а го почувствувале и жителите на  Охрид.

Според податоците од Европскиот-медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотерсот со магнитуда од 4,4 степени по рихтер бил регистриран на 43 километри северо-источно од Тирана, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за материјални штети предизвикани од потресот, како и за евентуално настрадани

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.