Силен земјотрес во Аргентина

Силен земјотрес ја потресе Аргентина, соопшти геолошката служба на САД. Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил на 45 километри од градот Сан Мартин во западниот дел на земјата. Европскиот медитерански сеизмолошки центар објавил дека епицентарот бил на длабочина од 80 километри.

Градот Сан Мартин се наоѓа најблиску до епицентарот.

Се’ уште нема информации за настрадани лица или за причинета материјална штета.