Силен земјотрес го погоди Авганистан

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во североисточен Авганистан, во близина на границата со Пакистан и Таџикистан, соопшти американскиот Геофизички институт.

Засега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета.

Земјотресот е регистриран на околу 280 километри североисточно од Кабул. Епицентарот на земјотресот бил во планинска област 82 километри југоисточно од авганистанскиот град Фејзабад на длабочина од 203 километри.

Потресот е почувствуван во Кабул и во главниот пакистански град Исламабад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.