Свет

Силен земјотрес во Чиле, најмалку пет жртви

Силен земјотрес во Чиле, најмалку пет жртви

Најмалку пет лица го загубија животот, а милион се евакуирани по силниот земјотрес со јачина од 8,3 степени според Рихтер кој синоќа го погоди Чиле.

По главниот земјотрес следеле и неколку силни вторични потреси, јавија американските медиуми.

Имало силно тресење на зградите во престолнината Сантјаго, а мали бранови цунами предизвикале поплави во неколку крајбрежни градови.

Чилеанската претседателка Мишел Бачелет, по итната седница на Владата, првично соопшти за три загинати лица, пренесе ТАСС.

Властите веднаш издадоа предупредување за опасноста од цунами долж целото крајбрежје, а потресот бил толку силен што бил почуствствуван дури од другата страна на континентот, во аргентинската претстолнина Буенос Аирес.

Неколку вторични потреси, вклучувајќи и еден со јачина од 7 степени и три со јачина од над 6 степени го растресоа целиот регион.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 42 километри од градот Канела Баха, на длабочина од 11 километри.

Претседателката Бачелет веднаш нареди евакуација на населението кое живее во ниските зони долж тихоокеанското крајбрежје, додека властите не ја направат првичната проценка на ситуацијата.

Во 2010 година сличен земјотрес со многу посилен удар, од 8,8 степени според Рихтер, и цунамито што следеше го однесоа животот на над 500 лица и разурнаа 220, 000 стенабени објекти.