Силен земјотрес во Чиле

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер е регистриран во водите на Пацификот, во близина на Чиле.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопштил дека земјотресот се случил во 2:14 часот по локално време, на длабочина од десет километри под океанското дно. Предупредување за појава на цунами не е  издадено.

Чиле е меѓу сеизмички најактивните земји, бидејќи се наоѓа на едно од најтрусните подрачја во светот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.