Силен земјотрес во Егејското Море ги погоди Грција и Турција

Силен земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Кос и блиското турско крајбрежје.

Според Грчкиот иниститут за геодинамика, земјотресот бил со интензитет од 5,1 по Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 38 километри североисточно од островот Кос.

Претставник на Иниститутот за грчката државната новинска агенција АНА-МПА изјави дека ова е најсилниот афтершок по земјотресот во јули со интензитет од 4,3 по Рихтер.

Истанбулската опсерваторија „Кандили“ меѓутоа соопшти дека земјотрестот бил на длабочина од 1,6 километри.

Од друга страна, Американскиот геолошки институт информира дека земјотресот бил со јачина од 5,3 степени.

Турската телевизија НТВ јави дека потресот предизвикал голема паника меѓу жителите во реонот на Бодрум.