Силен земјотрес во Еквадор, најмалку 77 загинати

Најмалку 77 луѓе ги загубија животите во силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени по Рихтеровата скала што го погоди денеска Еквадор. Бројот на повредени досега е над 600 луѓе, соопштија властите во Кито.

Епицентарот бил на 27 км. југоисточно од Муиснеа, слабо населено подрачје.

Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа прогласи вонредна состојба. Земјотресот бил на длабочина од околу 20 км. и се почувствувал во целата држава.

Властите апелираа до граѓаните да се евакуираат од крајбрежните подрачја стравувајќи дека може да биде предизвикана голема плима.

4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.