Свет

Силен земјотрес во Русија

Силен земјотрес во Русија

Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтер денеска го погоди далечниот исток на Русија.

Земјотресот се случил во 3.25 часот по локално време на длабочина од 160 километри во планинскиот предел на Камчатка, со епицентар 87 километри северозападно од регионалниот центар Петропавловск-Камчатка.

Засега нема извештаи за жртви, ниту дека е причинета материјална штета.

Руската академија на науките соопшти дека по првиот се регистрирани седум вторични потреси со интензитет од два до 4,8 степени во истиот реон на Камчатка.

Тоа подрачје се наоѓа во близина на пацифичкиот „огнен прстен“, каде се многу чести земјотреси и ерупции на вулкани.

Националниот и Пацифичкиот центар за предупредување на цунами соопштија дека нема опасност од појава на цунами.