Свет

Силен земјотрес во Средоземно море меѓу Мароко и Шпанија

Силен земјотрес во Средоземно море меѓу Мароко и Шпанија

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтер е регистриран утрово меѓу Мароко и Шпанија.

Засега нема податоци за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту постои опасност од цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 62 километри северно од мароканскиот град Ал Хосеима и на 164 километри југозападно од Гибралтар.

Веднаш по првиот следел и втор земјотрес со интензитет од 5,3 степени.