Силите на Крим го зазедоа седиштето на украинската морнарица во Севастопол

Силите на Крим го зазеле седиштето на украинската морнарица во Севастопол, еден ден откако две лица загинаа од снајперски оган во Симферопол, јавува „Асошиејтед прес“.

Фотографот на „АП“ јавува дека присуствувал на сцена кога група вооружени сили на Крим упаднале во седиштето на морнарицата и го подигнуваат руското знаме на зградата.

Русија вчера потпиша документ со кој што потврдува дека Крим ќе стане дел од нејзината територија, два дена по одржаниот референдум на кој големо мнозинство граѓани гласале за одделување од Украина.

Еден припадник на силите за самоодбрана на Крим загина, а двајца се ранети кога кон нив бил отворен оган во гланиот град на Крим, Симферопол.

Претходно еден украински војник почина од здобиените повреди при напад на воена база на периферијата на Симферол.