Силите за безбедност во Венецуела упаднале во седиштето на опозициската партија

Силите за безбедност на Венецуела упаднале во седиштето на опозициската партија „Народна волја“, која властите ја обвиниле дека организира насилни улични демонстрации против владата.

Очевидци велат дека припадници на воената разузнавачка служба упаднале во седиштето на партијата каде, со помош на солзавец, се обиделе да одведат неколку активисти.

„Припадниците на разузнавачката служба дојдоа и почнаа да не’ малтретираат“, рекла активистката Андриангела Руис и додала дека војниците фрлиле солзавец, заплениле неколку компјутери и се обиделе да одведат неколку лица.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.