Силите за самоодбрана во Севастопол се официјално формирани

Градоначалникот на Севастопол, Алексеј Чалин потпиша документ со кој се дефинираат задачите доверени на силите на народната самоодбрана на Севастопол. До потпишувањето на овој документ,немаше официјален нормативен документ за регулирање на работењето на овие сили и определување на нивните цели и задачи.

„Со потпишувањето на овој документ се сметаат за формирани силите на народната самоодбрана на градот под раководство на заеднички штаб. Целта е да се организира отпор против евентуален вооружена напад против Севастопол, заштита на животот, здравјето и имотот на жителите, обезбедување на слободно и безбедно спроведување на обштоградскиот референдум“, се вели во документот.

Меѓу приоритетните задачи на силите за самоодбрана на Севастопол се спречување на злосторствата и обезбедување на јавниот ред по улиците, организацијата на дежурства на контролните пунктови на влезовите на градот.

Во соопштението се истакнува дека силите за самоодбрана дејствува врз основа на Уставот на Украина и законите на Украина за локална самоуправа, за полицијата, Кодексот за цивилна заштита на Украина и голем број на подзаконски акти.