Силјановска: Има многу дилеми околу изборот на Џафери

Нелегалниот и надвор од деловникот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието предизвика голем гнев кај многу граѓани во Република Македонија. И експертската и професорска фела не се согласува со начинот на кој е избран Џафери.

Во гостување на Tелевизија 24, професорката по Уставно право и еден од најголемите познавачи на оваа тематика, Гордана Силјановска, вели дека не може да каже дека изборот на Талат Џафери легален и легитимен.

-Би било најлесно да речам дека е легален и легитимен, но многу дилеми имам јас околу постапката на неговиот избор и мојата основна теза е дека подолгиот пат е и подобриот пат, бидејќи може да отвори и други проблеми. Од аспект на парламентарното мнозинство не само што постои 61, веројатно постојат и 67, иако како што гледам, тој не ужива довербата на една од партиите албански, односно на Беса. Ако добро се сеќавам тие не гласаа за него, изјави Силјановска

Професорката смета ако според деловникот комисијата за избори и изменувања е овластен предлагач, не можете да биде исклучена.

-Во следот на настаните мора да има некој логика да речеме. Ако според деловник комисијата за избори и именувања е овластен предлагач, не можете неа да ја исклучите, значи да не зборам, зошто тоа беше дискутирано. Од правото не секој пратеник да биде присутен и да гласа, до јавноста итн. Имам дилеми, меѓутоа мнозинството верувам дека, еве не знам, можеби некои подобро избројале дека постои. Но, на ваквата ситуација, тоа е ненаучена лекција во нашиот парламент, му претходеше нешто друго. Имено не е непознат елемент филибастерингот или опструкцијата и морам да кажам тука, еден од шампионите е сегашниот претседател на Собранието. Американците тоа го оправдуваат со правото на слободно изразување на мисла, нема ограничување, рекорди има од  48 часа, од 24, а имало и неколку месеци, 1964 година при донесувањето на законот за правата на пратениците, значи опструирана е расправата, вели Силјановска.

Професорката Силјановска осврна и на потегот на Џафери со знамињата при влегувањето во кабинетот на првиот ден. Таа вели дека поставувањето на друго знаме покрај македонското значи поделен суверенитет.

-На предавање ние велиме дека во унитарни држави на пример, химна, грб, знаме се едни, значи тоа ја персонифицира унитарноста. Затоа кога велам јас треба да се воздржиме, пеењето на химната на Албанија во парламентот или поставувањето на знаме покрај македонското исто така значи поделен суверенитет, на симболичко ниво, смета Силјановска

Силјановска се осврна и на она што го кажуваат Британците, дека спикерот мора да е неутрален како папата, а во нашата држава моментално спикерот нема ниту еден глас од опозицијата.

-Британците велат неутрален како папа треба да биде спикерот. Ако вие во стартот значи немате зад себе немате ниту еден глас од опозицијата, а ние сите велевме дека нема парламент без опозиција и особено не може да има реформска влада ако немате некаков консензус и тука мора да се најде некое решение. Вие не можете да речете дека сте претседател на сите пратеници, оти во стартот сте хендикепиран. Ако и така почнувате, треба да докажете дека имате намера навистина да преминете преку она што било, за да бидете претседател. Тој тоа не го направи, особено со знаменцето на масата, морам да кажам, тоа не е дури и од дома да ја донесе масата, тоа е простор кој што граѓаните, тоа е парламентарна маса, има закон за употреба на симболите на заедниците и таму пишува каде му е местото на знаметол, изјави Силјановска

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.