Силна бура во Австрија остави 4.000 домаќинства без струја

Силна бура која според прогнози во следните денови ќе зафати голем дел од Австрија веќе нанесе штета на далекуводи во покраината Штаерска, каде околу четири илјади домаќинства се без електрична енергија.

„Во регионот Вајц и Шекл северно од Грац, околу четири илјади домаќинства останаа денеска без струја“, соопшти компанијата „Енерџи штајермаркџ“.

Следните денови се очекува засилување на интензитетот на бурата која ќе зафати голем дел од Австрија.