Експлозија во термоелектрана во Косово, има мртви

Експлозија во термоелектрана во Косово, има мртви

Силна експлозија се случила денеска претпладне во термоелектраната Косова А во Обилиќ, во близина на Приштина, објави приштинскиот весник „Експрес“.

Весникот наведува дека во експлозијата која што се случила во производниот дел околу 11 часот има мртви и повредени.

Единаесет луѓе се повредени и се наоѓаат во болница во Приштина, пишува „Експрес“.

Во изјава за новинската агенција „Бета“, претседателот на Бордот на директори на Косовската електро-енергетска  корпорација (КЕК) Берат Рукиќ вели дека три лица се загинати, а неколкумина се повредени во експлозијата.