Силна храна во борбата против ракот

Умереностa, вежбањето, здравата исхрана се најважните фактори кога станува збор за квалитетен, а веројатно и долг живот.

Ви носиме листа на намирници кои ќе Ви помогнат да се чувствувате поздраво и да живеете поквалитетен живот.

Зелка

Зелката му дава на организмот клучно и неопходно гориво да се бори против одредени облици на канцер. Додадете ја во секое вариво кое го подготвувате.

Грашок

Грашокот докажано, содржи фитохемикалии кои штитат од рак. Додадете по малку во чорбата, пастата, сосот.

Сладок компир

Слаткиот компир е исклучителен рудник на бета каротен и богат извор на влакна. За подготовка избегнувајте да ја лупите кората и секогаш кога можете бирајте сладок компир, а не бел.

Грозје

Црното грозје има голема концентрација на ресвератрол кој влијае на делбата на канцерогените клетки. Освен како ужина, грозјето конзумирајте го и како вино. Макар по една чаша дневно.

Цитрон

За разлика од останатите овошки, цитронот има помалку шеќери, а подеднакво многу витамин Ц. Директно влијае на отпорноста на организмот. Од него правете свежо цедени сокови, а можете да го користите и наместо оцет во салати.

Лубеница

Лубеницата е значаен извор на витамин А и Ц. Најдобро е да се јаде на резанки, а можете од неа да подготвите и интересни салати и десерти.

Брокула

Брокулата содржи сулфорафан кој може да го забави ширењето на болеста. Нејзиното значење е докажано во одредени клинички испитувања. По можност јадете ја варена.

Прокељ

Освен што спаѓа во групата здрави намирници, прокељот е лидер во борбата против штетното влијание на слободните радикали.

Кељ

Пребогат е со витамин А и Ц и совршено штити од штетното влијание на слободните радикали. Од него што почесто правете чорба или салати.