Силна песочна бура во Израел и Либан

Израел и Либан денеска се зафатени од силна песочна бура која го предизвика најсериозното загадување на воздухот во последните неколку години. Природната непогода предизвика силен воздушен бран долж крајбрежниот булевар во Бејрут, соопштија американските медиуми, пренесе МИА.

Песочната бура, што носеше честички прашина од пустината Сахара во северна Африка, веќе втор ден беснее и во Каиро, каде силните ветрови и разнесениот песок ги избркаа пешаците од улиците.

Меѓународниот аеродром во египетската престолнина вчера одредено време не прифаќаше авиони.

Израелското Министерство за животна средина информира дека загадувањето на воздухот во земјата е на своето највисоко ниво во последните пет години. Привремено се презакажани летовите од црноморското летувалиште Ејлат. Авионите и натаму слетуваат и полетуваат од главниот аеродром во земјата „Бен Гурион“.

Во Бејрут бурата донесе силни ветрови со брзина до 100 километри на час и дожд и снег во планинските региони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.