Силна сексуална привлечност: Не е убав, но е шармантен, убава е се додека не збори

Сексолошките истражувања покажуваат дека постојат личности со кои би отишле во кревет, но не би биле среќни доколку со таа личност разговараме, се појавуваме во јавност, вечераме…

Сексуалната привлечностмеѓу половите е повеќе од физичка атрактивност меѓу некои личности, повеќе од култура која секој сам си ја препишува мерката на привлечност.

Во принцип, личностите кои ги доживуваме како привлечни, а поготово како сексулано привлечни треба да ги задоволат сите наши сетила. Да ги задоволат сетилата за вид, допир, мирис, вкус, па дури и рамнотежа. Ова последно сетило, секако е во смисла на способност е да не исфрлат од невозбудливата и досадна рамнотежа на секојдневната рутина. Сите по малку за нешто мечтаеме.

seks-1377540349-11668

Физичка привлечност

Пред да слушнеме како некоја личност како и што зборува, пред да го почувствуваме нејзиниот мирис, допир, вкус, прво нешто што не привлекува е нејзиниот физички изглед. Физичкиот изглед и сексапилноста не треба да се изедначуваат, иако станува збор за блиски појави.

Додека антрополозите нагласуваат релативност во поимите, „физичката привлечност“ варира од култура во култура, а несомнено е дека во сите култури се цени младоста и доброто физичко здравје кое се гледа во сјајот на очите, здравите заби, чистата и затегната кожа, па дури и во цврстиот од.

naslovna_3-650x396

Освен овие универзални карактеристики на физичката, па и на сексуалната привлечност, присутни во сите познати култури, секоја култура има сопствени мерила за сексуална привлечност. Отстапките на некои норми во принцип не се привлечни. Кај Пимејците, на пример, за неприлвечни се сметаат личности кои се високи скоро 2 метри, како и оние кои имаат деформирани стопала, метални предмети во уши, нос…, но овие карактеристики, пак, се фетиши за други култури, како на пример кај оние во западната цивилизација.

Идеали

До неодамна, во западноевропската цивилизација, масивните и атлетски градби на тело кај мажите, и големите гради и изразената задница кај жените се сметаа за привлечни.

Извесни сексолози шпекулираат дека тајната на сексуалната привлечност поврзана со градбата на тело кај мажите и жените не е случајна, туку е поврзана и со скриените пораки на биолошкиот карактер, Во тој стил, се претпоставува дека атлетски градените мажи пренесуваат порака која гласи: Моќен сум и силен, такви се и моите гени, моќни и силни, сакам секс со тебе“. Од друга страна, телото во форма на песочен часовник со споменатите атрибути носи порака до мажите: „Плодна сум!“.

seks-1402159733-38044

Но, времињата се променети. Во мода е таканаречениот андрогини идеал кој влијае на тоа понекогаш да е тешко да разликувате маж од жена. Витка става, слабо изразени гради и тесни колкови денеска се поеднакво изразени и кај мажите и кај жените, се сметаат за знаци на сексуална привлечност, која истовремено покажува и дека и културата, а не само биологијата ги одредува мерилата на овие видови: „Никогаш доволно виток и доволно богат“, се прочуените зборови на војвотката од Виндзор.

Голото тело отсекогаш било на цена како мерка за сексуална привченост. Наспроти раширеното мислење дека голиот маж и погледот на неговите гениталии не се она што големиот број на жени ги привлекува.

Прицврстениот машки пенис почесто симболизира агресија и тежнеење за потчинување на партнерката, отколку кај партнерката да предизвика чувство на љубов и сексуална желба. Не е така и кога станува збор за голо женско тело. Голото женско тело и посебно гениталиите на жените, па дури и нејзиниот мирис и вкус отсекогаш за мажите биле нешто повеќе од од симбол на привлечност.

gola-leda-zavodenje-1390136199-24590

Не е убав, но е шармантен

Приказната за сексуалната привлечност кај некои луѓе завршува со нагласување на незјниот физички изглед: „Не е убав, но е шармантен“ или „Убава е се додека да не проговори“, вообичаено се изреки кои зборуваат за сексуалната привлечност на личности кои внесуваат одредена диманзија во спротивната личност. Ителигенција, смисла за хумор, опуштеност при комуникација, нагласена индивидуалност, авантуристички дух, кој некои личности ги прави „различни од другите“ и едноставно сексуалната привлечност. Дали сексуално привлечната личност од тоа ќе направи пари, зависи од другите личности и нејзините животни филозофии засновани на потребите за сигурност или трагањето во возбудувања.

seks-1390135974-24586

Сите истражувања покажуваат дека без оглед на физичката убавина, поодминатите години и сомнителниот ум, луѓето кои поседуваат моќ и пари поседуваат и сексуална привлечност. Некои истражувачи впрочем на овој начин ја објаснуваат врската меѓу маж во поодминати години и млади и убави жени и обратно. Како и секоја работа на светот, според нив, и сексуалната привлечност може да се купи.