Силна шлаканица за Заев од банките

Силна шлаканица за Заев од банките. Банките не дозволија да се исплашат и да потпаднат под грубиот пристисок кој им го вршеше Заев и учествуваа на денешната аукција на државните записи која ја организираше министерството за финансии.

Банките, не само што учествуваа на аукцијата, туку и откупија државни записи во вредност од 75 милиони евра, сума која се движи во просекот на организирање на ваков вид настани. Тие покажаа капацитет и интегритет и чувство за државност и за интересите на граѓаните и не дозволија да бидат исплашени од срамното однесување и заканите на Заев кој денес на итна пресконференција најави дека ќе ги преземе сите механизми за да ја оспори одлуката на ДИК и истовремено им се закани на домашните банки.

Како најголеми доверители банките мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер  за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг, рече Заев.

Како што информира Министерството за финансии, на аукцијата, која успешно се реализираше, државни хартии од вредност купија банки, осигурителни компании, пензиски фондови и штедилници, наведува Министерството за финансии.

Со реализација на аукцијата се обезбедуваат ликвидни средства за исплати кон стопанството и граѓаните, како што и беше планирано со буџетот за 2015 година, наведуваат од Министерството за финансии.

Овој потег на спротивставување на банките на грубиот притисок кој им го вршеше Заев е директна шлаканица од банките кон лидерот на СДСМ, кој се дрзна да се меша во деловните политики на субјекти од приватен сектор, однесување на политичар кое наликува на однесувањето на Северна Кореја или Исламска Држава и кое беше осудено од сите општествени субјекти.

Со овој чин се докажа на јавна сцена дека на Заев никој не му се плаши. Неговите уцени и закани веќе не поминуваат во јавноста, а неговата подршка е на очајни само 5% од јавноста.

Претходно на ова срамно и штетно однесување на Заев се спротивставија и пензионерите, примателите на социјална помош, земјоделците и други општествени групи на кои СДСМ сакаше да им наштети.

Лидерот на СДСМ тоне се повеќе, влечејќи го и СДСМ надолу по себе, граѓаните не го одобруваат неговото антидржавно и штетно однесување и на следните избори во април се очекува нов тежок пораз на политиките на СДСМ.