ВИДЕО: Силна снежна бура ги зафати САД

Силна снежна бура ги зафати североисточните реони на САД. Гувернерот на државата Њу Џерси, која се граничи со Њујорк, Крис Кристи, објави вонредна состојба.

Влијанието на студен циклон го зафати целото источно крајбрежје на САД, од Вашингтон до Бостон. Властите им препорачуваат на граѓаните по можност да не патуваат со своите автомобили.

Поради невремето десет илјади граѓани останаа без електрична енергија. Поради обилните снежни врнежи во средата останаа затворени училиштата во некои градови од Њу Џерси. Регистрирани се и помали сообраќајни несреќи по патиштата.

Поради лошото време откажани се над 600 летови вчера, а нарушен е редот на летање и на поголемите аеродроми, вклучувајќи го и во Њујорк.

Според прогнозите, студениот циклон ќе остане над источното крајбрежје уште неколку дена.