Силна снежна бура го погоди јапонскиот остров Хокаидо

Силна снежна бура го погоди денеска северниот јапонски град Хокаидо, соопштија локалните власти. Укинати се десетици летови и движењето на некои возови.

Властите предупредуваат за можна појава на лавини, силни ветрови и обилни врнежи од снег, пренесува МИА.

Две лица се повредени во невремето, а обилните снежни врнежи предизвикаа штети врз 23 куќи и 120 стаклени градини. Осумдесет илјади домаќинства останаа без електрична енергија изминатите два дена.

Снежната покривка на островот се очекува до вечерва да достигне 50 сантиметри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.