Силната зимска бура се насочува кон јужните држави на САД

Силната зимска бура што предизвика смрт на најмалку шест лица во САД, се насочи кон јужниот дел на земјата. Метеоролози предупредуваат за можна појава на голомразица што ќе го отежне сообраќајот и за можни прекини во снабдувањето со електрична енергија во следните неколку дена, пренесе „Ројтерс“.

Бурата, што ќе донесе дожд, лапавица, силни врнежи од снег и голомразица во јужните држави, е со историски пропорции, велат од Националната метеоролошка служба во Џорџија.

„Ова може да се претвори во катастрофален настан“, истакнал метеорологот Брајан Лин.

Бурата најверојатно ќе се простира од источниот дел на Тексас до Северна и Јужна Каролина и државите одсредното атлантско крајбрежје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.