Силни снежни врнежи во делови на Австрија

Силни снежни врнежни денеска зафатија делови на Австрија, при што предизвикаа потешкотии во сообраќајот и доведоа до зголемувањето на нивото на предупредување поради опасност од лавини.

Во Виена надлежните власти прогласија целосен степен на готовност поради снежната бура, која донесе големи колични снег.

Од утринските часови 1.380 припадници на службата за одржување на патиштата со 350 возила го чистат снегот и се грижат за проодноста на главните сообраќајници. Забележани се доцнења во градскиот превоз поради снежните врнежи.

Во австриската покраина Корушка нивото на предупредување од лавини, на височина од над две илјади метри е зголемено на четвртиот степен на скала од пет.

Иста е ситуацијата и на планините во покраината Долна Австрија и Тирол, каде новите количини снег и бурата ја зголемија опасноста од лавини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.