Силно невреме го зафати Куманово

Силно невреме, проследено со поројни дождови и врнежи од град, попладнево го зафати Куманово. Градот кој непрестано паѓаше повеќе од пет минути, ги побеле улиците во градот. Улиците беа целосно поплавени. Од страв поради навлегување на водата во домовите, дел од граѓаните го отвораа шахтите пред семејните куќи.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 31 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.