Силно невреме и поплави ја зафатија Австрија

Делови од австриската покраина, Долна Австрија во текот на ноќта беа погодени од невреме проследено со силни врнежи кои поплавија бројни улици и подруми.

Во акцијата за помош на граѓаните, учествувале повеќе од 1000 полицајци а околу 2 часот по полноќ, биле активирани сирените за случај на опасност.

Поради обилните дождови, на одредени места дошло до лизгање земјиштето. Граѓаните поставувале вреќи со песок за да спречат поплави. Голем број граѓани биле евакуирани од домовите.