Силно невреме предизвика големи штети во Словенија

Бурата, проследена со силен ветер и на одредени места со град, која вчера го погоди источниот дел на Словенија, предизвика големи штети, а поради одронот на земја кој го уништи патот на австриската страна затворен е граничниот премин Љубељ, јавија денеска локалните медиуми.

Стотини пожарникари во Марибор продолжуваат да ја испумпуваат водата од куќите, пренесува Хина.

Во повеќе делови во источна и јужна Словенија градот предизвикал штети врз домовите и насадите.

Во Медлог гром предизвикал пожар во хангар на спортскиот аеродром „Левец“.

Пожарникарите успале да ги спасат останатите објекти, но во хангарот каде се наоѓале повеќе мали моторни авиони и воздухопловни едрилици, приколици за превоз и друга опрема, целосно изгорел.