Силно невреме во Хрватска и Словенија

Силно невреме погоди во четвртокот во доцните попладневни часови делови на Хрватска и Словенија, како и Италија, а временските неприлики се интензивираа во текот на ноќта.

Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападна Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб.

Бурата зафати делови од Словенија, по должината на границата со Хрватска, како и делови на Корушка. Во некои области падна и град, а пожарникарите, поради поплавени 20-ина објекти имаат полни раце работа, јавуваат хрватските медиуми.

Големите проблеми по силната бура има и во североисточниот дел на Италија.

Метеоролозите од Хидрометеоролошкиот институт на Хрватска најавуваа дека локалната нестабилност може да се интензивира преку ноќта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.