Силно невреме во Калифорнија, најмалку еден загинат

Силно невреме ја зафати Калифорнија. Најмалку едно лице го загуби животот, а 150 илјади домаќинства останаа без струја.

Невремето проследено со снег и ветер со јачина од 230 километри на час, го загрози авиосообраќајот, а училиштата беа затворени.

Откажани се 240 летови на Меѓународниот аеродром во Сан Франциско, додека другите се поместени.

Улици и важни сообраќајници во Сан Франциско и околината се поплавени.

Според метеоролозите ова се најголеми снежни врнежи во Калифорнија во изминатите шест години.