Свет

Силно невреме во Милано

Силно невреме во Милано

Силно невреме го погоди денеска  Милано, предизвикувајќи поплави во некои делови на овој град во северна Италија.

Невремето започнало околу пладне, по што обилните дождови набрзо го зголемиле нивото на водата на реката Севезо и таа се излеала од коритото во миланската населба Нигуарда.

Во поплавените делови на градот се испратени спасувачки екипи. Поради невремето дојде и до прекин или одлагање на железничките врски меѓу Милано, Бергамо и Леко.